Последна информација од семејството - откриено кога ќе биде погребан пејачот
Комеморација по повод смртта на Шабан Шаулиќ ќе биде одржана во петок, 22. февруари во 11 часот во градското Собрание, а истиот ден ќе биде одржан и погребот на пејачот во 14:30 часот во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, информира Курир.рс
Обдукцијата ќе биде направена во четврток, 21. февруари во Германија, во 10 часот и ќе трае два до три часа.
Меѓутоа, ако обдукцијата од некоја причина продолжи и не заврши како што е предвидено, резервиран е термин за погребот во понеделник.
20.02.2019 - 17:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа