(ВИДЕО) Иран тврди дека соборил израелски дрон во Исфахан, Израел потврдува пад

 


Иранската државна телевизија емитуваше снимка на која наводно се гледа соборен израелски дрон „Хермес“ во централната иранска покраина Исфахан.

Во видеото, новинар стои пред тешко оштетениот дрон. Си-ен-ен не можеше независно да ја потврди снимката.

Израелските одбранбени сили соопштија дека кон беспилотно летало на израелските воздухопловни сили била испукана ракета земја-воздух и дека потоа дронот „паднал во Иран“.

18.06.2025 - 15:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега