„Не смеам да се движам 6 недели“ - кумот на Шабан 9 дена после несреќата итно опериран

 

Кумот на Шабан Шаулиќ, Слободан Бобан Стојадиновиќ, кој беше со пејачот во автомобилот за време на несреќата, морал на итна операција на карлицата.

Имено, во стравичната несреќа во Германија, во која загинаа кралот на народната музика и неговиот музичар Мирсад Ќериќ, Слободан се здобил со тешки повреди, па лекарите одлучиле дека мора итно да го оперираат и да му ја спасат карлицата, која почнала да се раздвојува.

„Не смеам да се движам наредните 6 недели. Од силниот удар во грбот, ми испукалча карлицата и влакната меѓу коските кои ја джат. Карличните коски почнале да се одвојуваат. Да не дојде до пукање или влошување на друго место, лекарите мораат да ми вградат страфови и плочки додека лигаментите повторно не се обноват“, рекол Слободан, кој се уште е скршен поради трагедијата, додавајќи дека семејството Шаулиќ секојдневно му се јавува.

„Ме бодрат да издржам, дека морам напред. А, мене ми е тешко, а уште потешко ми е кога се слушаме. Само тага имам околу срцето и плачам“, тажнп за медиумите изјавил Бобан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега