Воведувањето на еврото донесе проблеми - во оваа земја секој граѓанин изгубил по 56.000 евра
Одредени земји имале добивка од воведување на еврото, а други имале проблеми поради оваа валута.
Според Центарот за европска политика, Франција и Италија се земјите кои најмногу страдаа од усвојувањето на еврото. Секој Французин изгубил 56.000 евра во периодот од 1999-2017 година. Најголеми добитници се Германија и Холандија, пренесува дописникот на МИА.
Германија и Холандија имале голема корист од еврото во изминатите 2 децении, додека во скоро сите други членки на еврозоната единствената валута била товар за економскиот раст.
Државите-членки на еврозоната што ѝ се најсилно предадени на конзервативната фискална политика и кои биле најкритички настроени кон спасувањето на презадолжените земји од еврозоната.
Воведено во 1999 година, еврото доведе до бум на кредитите и инвестициите така што предностите од ниските каматни стапки во Германија се проширија во земјите-членки на периферијата од еврозоната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа