Само неколку часа пред да биде најдена во бесознание Неда Арнериќ го кажала ова
Неда Арнериќ во средата вечерта околу 21 часот била најдена во бесознание во својот стан. Само ден претходно во интервју за „Дневни аваз“ по повод конференцијата во Загреб под називот „Жената во филмската индустрија“ открила како ги поминува деновите по смртта на сопругот. Во средината на декември минатата година нејзиниот сопруг починал. Актерката тогаш изјавила дека тагата која ја чувствува е неопислива.
-Времето главно го минувам со пријателите, книгите и филмовите. Некако, тоа се три сегменти кои овој период ми одговараат - рекла Арнериќ.
Актерката во интервјуто нагласила дека се смета за обичен граѓанин, иако е јасно дека уметниците, односно јавните личности сите ги забележуваат.
-Професија ни е нам сите други да не забележуваат. Иако понекогаш се уморувам од тоа - рекла Неда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа