Српската водителка повторно оперирана - ова е нејзината состојба
Водителката на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ се уште закрепнува после тешката несреќа која ја доживеа, кога автобус ѝ ја откина раката.
Нејзиниот вереник Младен Мијатовиќ изјавил дека состојбата на водителката е добра и дека се тече во најдобар ред.
Во четвртокот се појави информација дека водителката околу 12 часот ќе биде повторно оперирана, а операцијата ја извршил докторот Бумбаширевиќ.
Направена е интервенција, која поминала добро, а водителката секој ден се чувствува се подобро.
Тим доктори веќе имаат во план да направат уште една интервенција, кога на Деа ќе ѝ биде санирана повредата на колкот. Засега никој не смее да ја посети водителката, која е заштитена и изолирана од инфекции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа