Не наседнувајте - ако среде видео на Јутјууб ви се појави ова, никако не кликајте
Застрашувачката игра Момо почна да се шири и во Босна и Херцеговина, а полицијата ги предупреди родителите на обрнат особено внимание за да спречат трагични последици.
-Морбидната љубопитност или желбата да се биде популарен во друштвото довеле до тоа многу млади луѓе да почнат со оваа игра со која ги жртвуваат своите животи - објаснуваат од полицијата.
Станува збор за предизвик кој се шири на друштвените мрежи, а кој преку насилни фотографии и инструкции ги навлекува децата на самоповредување. Најчесто се појавува изненадно среде виде клип кој децата го гледаат на Јутјуб или на социјалните мрежи, ги тера децата да контактираат женски лик на Watsapp. После тоа, децата се преплашени од она што може да им се случи ако „не ги исполнат барањата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа