Таткото на Влатко Илиевски со шокантна информација: Славејчињата со песна за него, БубаМара ја одбила

 

„Недостигаш“ е насловот на песната која Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова, Анастасија Илиевска кои се членови на хорот “Златно Славејче”, ја напишаа и снимија со посвета на нивниот пријател и идол Влатко Илиевски кој не напушти прерано.

- Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема… Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен! – напишаа девојчињата во описот на објавената снимка која се најде на Јутјуб и неколку канали.

Неговиот татко Драган Илиевски –Вршац откри шокантна информација дека токму оваа песна била одбиена за изведба на неодамна одржаната „Златна бубамара“, со образложение дека не се вклопува во сценариото!

Овие прекрасни девојчиња кои од љубов детска искрена ја снимија песната сакајќи да ја испеат на „Бубамара“ биле одбиени со образложение дека не се вклопува во сценариото. Морав ова да го објавам, а на Вас почитувани го оставам коментарот, пишува таткото на Влатко.

Коментарите под објавата не изостанаа, а дел од фановите на починатиот пејач пишуваат:

Даваат внимание на пејачи од екс – Ју, нам на повеќето непознати, а нашите се запоставуваат- срамота! Влатко ќе биде секогаш во нашите срца.

Се избрукаа за сите пари… Влатко ќе живее во нашите срца- пишува во дел од коментарите.

Извор: Вистина

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега