Се огласи и директорот - кажа што ќе се случува со жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и дали останува Марија
Марија Шерифовиќ која е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ не иде никаде и не мисли да ги остави своите кандидати на цедило.
-Марија Шерифовиќ не го напушта шоуто. Веста дека заминува од жирито е чист сензационализам, односно предизвикување недред меѓу кандидатите, на кои оваа врвна пејачка им е ментор. Марија не го напушта шоуто, ниту пак тоа некогаш било тема на разговор. Горди сме што е во нашето жири - рекол преку соопштение директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ.
07.03.2019 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа