ФОТО: Прерано родени близначиња после 27 дена одвоеност, ги ставиле на градите на мајката и се случи нешто прекрасно
Познато е дека близнаците имаат поспебна врска а тоа го докажала и фотографијата на двете прерано родени деовјќиња кои после 27. дена одвоеност едноставно се прегрнале.
Прерано родените близначки Оливиа и Зои веднаш после раѓањето биле разделени и ставени во посебни инкубатори во болницата во Мелбурн.
После 27. дена одвоеност повторно се обединиле со мајката Ен Ли и веднаш се прегрнале. Фотографијата беше објавена на Инстаграм и ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа.
Во текот на бременоста со голем ризик, Ли била загрижена поради моѓниот трагичен исход и стравувала за здравјето на своите ќерки. Ли носела моноамниоски-монокорионски близначки кои ја делеле амнионката ќеса и плацента, што е исклучителна реткост.
Тие се родиле три месеци порано и веднаш биле префрлени во одделението за интензивна нега за новороденчиња со цел докторите постојано да ги набљудуваат и да го регулираат нивното дишење.
После 27. дена одвоеност, близначките за првпат се сретнале и посегнале една по друга и се прегрнале. Фотографијата од нивната средба ја објави нивниот татко на Инстаграм.
“Срцето ми се стопи. После сите потешкотии, недели одвоеност, почувствував големо олеснување што повторно се заедно”, рекла Ли за магазинот Today Parents.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа