Карлеуша ги загрижи сите: Каде замина неколку минути по погребот на мајка си
Радио водителката Дивна Карлеуша вчера беше погребана во Белград, а сцените од погребот беа потресни за целиот регион. Нејзината ќерка Јелена на момент го прегрна ковчегот, а потоа долго го бакнуваше.
И ден по погребот на нејзината мајка таа е во многу лоша состојба, пренесуваат српските медиуми.
По погребот пејачката веднаш била однесена дома во семејниот дом на Дедиње, а како што тврдат пријатели на пејачката таа е во многу лоша психичка состојба и не може да ја преброди нејзината смрт.
Пријателите велат дека Јелена ништо не јаде, ниту пак спие, а и нон стоп плаче или гледа во една точка. Сите се загрижени за нејзиното здравје кое во моментов е нарушено, пренесуваат српските медиуми.
Инаку фановите се запрашуваат и зошто пејачката веднаш по погребот замина во автомобилот и дома, наместо да руча во чест на нејзината мајка со луѓето кои беа на погребот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа