Откриено во кој ден од неделата се случуваат најмногу срцеви удари
Срцевиот удар не е ретка појава особено во денешното стресно време во кое живееме.
Студија во САД имала за цел да испита во кој ден се случуваат најмногу срцеви удари и како годишното доба и времето делуваат на опасната здравствена состојба.
Анализирани се преку 156.000 случаи на срцев удар забележани во болниците во тек на 7 години.
Најголем ризик за срцев удар има во понеделник, а најмала е шансата во сабота. Ризикот од удар во понеделник е за 11 проценти повеќе од другите.
Најмногу срцеви удари според месеци има во декември, а најмалку во јули.
14.03.2019 - 17:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа