Успешно го преброди тешкиот период - нови информации за состојбата на актерката Неда Арнериќ

 

Неда Арнериќ полека, но сигурно, закрепнува откако пред три недели во бесознание беше префрлена во болница.

Експертите од болницата успеале да ја стабилизираат нејзината здравствена состојба и актерката благодарејќи на интензивното лекување, физички и психички се чувствува многу подобро.

-Неда е голем борец. Таа имала тежок период, кој лесно влијаел врз неа, Поради стрес и емотивно растројство заврши во болница. Неконтролирано пиела лекови кои можеле да бидат кобни по неа, но на време стигнал нејзиниот брат и ја однел во болница. Нејзината здравствена состојба е значително подобра. Нормално комуницира со докторите, насмеана е и верувам дека наското ќе биде пуштена на домашно лекување. Тоа за неа би било најдобро, затоа што ќе има повеќе време да минува со семејството и пријателите - вели извор од болницата за српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега