„Не ми го спомнувајте тој старец“ - се огласи таткото на Милјана за нејзината врска со 53-години постариот Милојко
Врската меѓу 73-годишниот Милојко Божиќ со 53-годишната Милјана Богдановиќ од Пилатовиќ кај Ужице, и понатаму е тема за која зборува цела Србија.
За овој необичен пар, кој е во центарот на вниманието по шокантните тврдења дека ги спила љубовта, а не некаква материјална корист, и понатаму интензивно се зборува на друштвените мрежи.
Родителите на младата Милјана, која треба да се омажи за Милојко на 7. септември, се огласија и го кажаа своето мислење за врската.
-Јас не постојам откако таа е со него. Не ми го спомнувајте тој старец. Многу сум разочаран од ќерката - рекол таткото на Милјана.
Милјана пак, вели дека тие двајца ќе бидат среќни и дека не ѝ е грижа за туѓите коментари, но нејзините родители се очајни.
-Многу сме разочарани, не поради врската, туку поради начинот на кој тоа го обелодени. Најмногу не болат коментарите на луѓето, особено од непознатите. Сите коментираат како тој има пари, дека таа е со него за пари, но во суштина нема ништо. Има само мала пензија. Се што имал му земале претходните две жени. Па дури и ќерката - вели Слаѓана Богдановиќ, мајка на Милјана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа