Сакал да ги поправи искинатите кабли под куќата кога налетал на застрашувачка глетка: 45 ѕвечарки извлечени од под неговиот дом

 

Кога силен ветер ги искинал каблите на една куќа во Тексас, сопствеикот не се ни надевал дека ќе има многу поголем проблем од она да нема кабловска телевизија поради скинати кабли.

Во обид повторно да ги поврзе каблите, тој легнал под куќата и здогледал неколку звечарки.

Не се ни надевал дека проблемт е уште поголем  од она што се чини на прв поглед, излегол и побарал помош.

Меѓутоа кога стигнале од цетарот за отстранување на змии имале што да видат.

Од под куќата се извлечени 45 змии отровници кои биле населени под неговата куќа.

„Штом времето ќе се затопли тие ќе тргнат по храна а потоа и ќе почнат со размножување, и секако тоа ќе значи каснување и на луѓе кои се наоѓаат во близина“ рекол работникот во центарот.

На госиишно ниво околу 7000 луѓе се каснати од змии во САД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега