Овие симптоми предупредуваат за срцев удар - Многу се вообичаени, но и многу опасни

 

Повеќе од милион луѓе годишно имаат срцев удар, а класичните симптоми се болка во градите, стегање и притисок.

Иако веројатно никогаш не би ви паднало на памет дека овие симптоми се поврзани со срцев удар и се предупредување пред да се случи, сепак, обратете внимание на нив бидејќи се опасни.

Тука е постојаниот замор, а се смета дека е почест симптом кај жените. 95 проценти од лицата кои имале срцев удар се жалеле на премор подолг период.

Болката во грбот, вратот и кичмата се исто така симптом иако сите тоа го поврзуваме со работата. Со блокираните артерии доаѓа до блокиррање на протокот на крв и се појавуваат болки.

Често кашлање и тешко дишење, како и силни стомачни тегоби, болки и повраќање се исто така сериозен знак.

Нелагодност која не може да ја објасните во делот на вилицата е еден од знаците.

Ако ги имате овие симптоми посетете лекар и спречете удар навреме.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега