Кевин од „Сам дома“ откри што се случувало во креветот на Џексон, а притоа потврдил дека постојат аларми во ходниците
Еден од актерите на документарецот "Враќање од Недојдија", Џејмс Сејфчак открил дека Мајкл Џексон во ходникот имал алармен систем во неговата спална соба, што го предупредил дека некој се приближува до просторијата додека бил со малите момчиња.
Актерот Меколи Калкин, ѕвездата на култниот филм "Сам дома", кој уште од детството се дружел со Мајкл Џексон, го изјави истото пред 14 години на суд. "Имаше премин сличен на ходникот, и ако некој се приближи до вратата на спалната, ќе почне да ѕвони, динг-донг, динг-донг. Ако некој дојде, ќе го слушнете алармот", посочи Калкин во 2005 година за време на неговото сведочење против Џексон.
Во документарниот филм на Сејфчак, тој истакна дека бизарниот ходник не бил единственото нешто од сомнителната природа на ранчот „Neverland“, туку дека има и неколку соби кои пејачот ги користел за да ги злоупотребува момчињата.
"Тоа беше нормално за мене, знам дека е голема работа сега за сите, но тоа беше нормално пријателство. Лесно е да се каже дека беше чуден, но тоа нема смисла", рече Калкин за неговата врска со Мајкл. Тој додаде дека ова пријателство е чудно за луѓето само затоа што Џексон бил "најпознатата личност во светот".
Инаку кога на судот го прашале дали екогаш Џексон „го допирал“ тој рекол „апсолуто не“, не ме злоставуваше, ако во еден момент го направеше тоа ќе знаев, изјавил тој.
На суд кажал дека неговите родители немаат ништо против тоа да го дели креветот со Џексон, како и дека му купил Ролекс часовник, а понекогаш знаеле и со часови да разговараат на телефон.
Калкин тогаш рече дека спиел во истиот кревет со Мајкл "најмалку десет пати", а ранчот "Neverland" престанал да го посетува кога имал 14 години. Интересно е што Сеифзик и Вејд Робсон, актери на документарниот филм, истакнаа дека имале 14 години кога Џексон престанал да ги злоупотребува. Кога актерот се вратил на ранчот како 17-годишен, воопшто не спиел во креветот на Џексон: "После тоа, јас секогаш спиев во гостинскиот дел, бидејќи мојата приватност стана поважна", тврди тој.
"Децата имаат потреба од љубов и нежност, нивните родители ги забораваат и постојано се на компјутери, јас само сакам да им дадам љубов", рече Џексон. По оваа неговата реченица, следеше сцена која предизвика одвратност и гадење во јавноста - Џексон го претстави својот 12-годишен "пријател" на камерите, момче кое во тоа време се бореше со рак. Во текот на интервјуто, Џексон го гушкал, го држел за рака и му велел дека го сака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа