ФОТО: Имала 120 килограми и се срамела да излезе од дома - ослабела 40 килограми и денес изгледа целосно поинаку
Јелена Докиќ, славната австралијанска тенисерка со српско потекло, доживеала голема трансформација. Тенисерката ослабела цели 40 килограми.
Кога се повлекла од тенисот почнале нејзините проблеми со килограмите. Со години нездраво живеела и нездраво се хранела. Била несреќна, несигурна, а утеха наоѓала во храната.
Луѓето биле шокирани кога виделе дека Јелена која важела за најатрактивна тенисерка, има 120 килограми. Поради коментарите на социјалните мрежи таа се срамела да излезе и од дома.
Потоа одлучила да го промени животот од корен. Одлучила да ослабе. Во октомври 2018 година имала 120 килограми, а сега има 80.Цел ѝ е да се врати на старата килажа - 66 килограми.
Јелена конечно изгледа среќно и исполнето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа