Таткото на Фросина: Ова е правдата која треба да го стигне Васо

Таткото на загинатата Фросина Кулакова се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.
- Штом бара еве вака треба да изгледа ПРАВДАТА КОЈА ВАСО ЈА ПОВИКУВА - ПА ДА ГО СТИГНЕ. 4 годинини затворска казна за трговија со дрога и за најдрското лажење на Апелацискиот суд односно треба да ја добие највисоката казна бидејќи не што нема ни покајание, ами плус и најдолно бесрамно и без трошка совест - манипулативно однесување кон судот !!!!!!!!!
заедно со адвокатите и мајка му и татко му треба да одговараат за организиран криминал за доведување на судот во заблуда исто така со долгогодишна казна !!!!!!!!! 20 години казна за убиството на Фросинче Да веруваме дека Апелациониот суд нема да подлегне на сите МАФИЈАШКИ ИГРИ И ПРИТИСОЦИ !!!!!!!!!, напиша таткото на Фросина.
Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
22-годишната млада девојка беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
12.06.2025 - 09:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа