Рибар уловил огромна глава од ајкула тешка 100 килограмо: Прашањето е, што би можело да ја убие оваа ѕверка?
Рибар се надевал дека уловил помала ајкула, но се покажа дека уловил нешто многу поголемо и не му било јасно што можело да го убие тој ѕвер.
Трапман Бермагуи, познат како Џејсон на крајбрежјето на Австралија недалеку од Сиднеј од морето извлекол глава од ајкула тешка околу 100 килограми.
Во главата исто така пронашол сабја кој тврди дека била таму со години, пренесува Метро.
"Тоа само ја покажува неверојатната способност на ајкулата да заздрави", рекол тој. На својот Фејсбук профил споделил фотографија од главата и се запрашал што всушност можело да ја убие оваа ѕверка.
Главата која ја пронашол му припаѓа на видот бела ајкула. Постарите поединки од овој вид можат да пораснат до должина од четири и пол метри и да бидат тешки до 500 килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа