Сиљановска-Давкова: Чест ми е што сум меѓу гостите на Макрон

 


Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

-Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, разговаравме за потребата од склучување мир со природата, како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото. Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием по повод третата конференција на Обединетите Нации за океанот, истакна таа.

09.06.2025 - 17:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега