ВИДЕО: Актерката која боледува од неизлечива болест даде совет за своите фанови - расплака многумина
Актерката Селма Блер се појави првпат во јавноста во февруари на доделувањето на Оскарите откако минатиот октомври ѝ беше установено дека боледува од мултипла склероза. Изненадена од реакцијата на присутните и фоторепортерите актерката се расплакала на забавата која беше организирана по Оскарите.
Неколку денови после филмското доделување награди, Селма Блер во интервју за телевизијата „АБЦ“ рекла дека се бори со болеста која го напаѓа нервниот систем, коскената срж , очните нерви и мускулите.
Селма има проблеми со говорот и моторните функции, и се што сака да прави во моментов не може. Еден од најголемите проблеми ѝ е шминкањето.
Актерката на Инстаграм објавила видео како се шминка и им дала совет на сите оние кои се борат со истио проблем како и таа.
„Болни од мултипла склероза, земете голема четка, бронзер и кружни движења. Готово„, рекла низ насмевка Селма.
Имено, актерката објаснила и дека забележала дека луѓето во текот на денот постојано ѝ го тријат лицето, бидејќи не е добро нашминкана.
„Да се разбереме јас никогаш нема да ви дадам упатство за шминкање. Дури и мојот менаџер ми рече дека нема потреба да се мачам сама, кога секогаш постои некој кој може да ме нашминка“, објаснила Селма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа