Се породи ќерката на познатиот српски пар - среќниот дедо веднаш се огласи
Злата Аранѓеловиќ, ќерка на Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш се породила во Народниот фронт и по првпат станала мајка.
Својата ќерка ја крстила Милица, а новопечените баба и дедо не ја кријат радоста.
„Ние сме сега горди баба и дедо. Уште сме во Народниот фронт. Злата и бебето се чувствуваат добро, се е добро“, рекол Кемиш.
Инаку, големата прослава по повод раѓањето на малата Милица ќе биде во домот на Зорица и Кемиш, во домашна атмосфера.
05.04.2019 - 09:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа