Водителка на временска прогноза прекинала програма за да најави торнадо - сега добива закани за смрт

 

Водителката Ела Дорси секојдневно добива закани за смрт и тоа поради најбизарна можна причина - прекинала пренос за голф натпревар за да ги предупреди жителите на закана од торнадо.

Меѓутоа, тоа вљубениците во голфот изгледа нема да го простат, особени бидејќи моментот кога таа „упаднала“ во програмот Тајгер Вудс бил на чекор до историска победа и облекување на шампионската зелена јакна.

Ела, која работи на каналот CBS46 во Атланта, се огласила на друштвените мрежи, бидејќи гледачите очигледно претерале.

-Сите вие кои ми испраќате пораки за смрт: не смеете да кажете ниеден збор ако торнадото денес ја уништи вашата куќа. Животите се многу поважни од пет минути голф. Ќе продолжам да повторувам и да прекинувам програми за луѓето да бидат безбедни - напишала таа на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега