Зеленски: САД ѝ ветија на Украина 20.000 ракети, но ги префрлија на Блискиот Исток
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека Соединетите Американски Држави префрлиле на Блискиот Исток 20.000 ракети за воздушна одбрана што ѝ ги ветиле на Украина.Во интервју за ABC News, Зеленски ги потврди зборовите на новинарот дека доколку се прекине воената помош на Соединетите Американски Држави, Украина ќе има помалку шанси да ѝ се спротивстави на Русија.
„Ќе имаме повеќе загуби, многу повеќе загуби без помошта на Соединетите Американски Држави“, нагласи Зеленски.Особено, тој спомена дека на украинската воздушна одбрана ѝ недостасуваат ракети за системите „Патриот“ и оружје за борба против руските беспилотни летала „Шахед“. Според Зеленски, Украина, заедно со претходниот министер за одбрана на САД, Лојд Остин, се договориле за проект за 20 илјади ракети.
„Беше евтино, но е посебна технологија. Затоа сметавме на овие 20.000 ракети. Утрово, мојот министер за одбрана Рустем Умеров ме информираше дека Соединетите Американски Држави ги префрлиле на Блискиот Исток“, рече Зеленски.Претходно, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја отфрли идејата дека Вашингтон повеќе не ја поддржува Украина. Ваквите сомневања се појавија поради неговото отсуство од состанокот на Контакт-групата за одбрана за Украина.Последниот пакет помош од 500 милиони долари беше објавен во јануари за време на претседателствувањето на Џо Бајден.
Во март беше објавено дека Украина добила 90 проценти од оружјето доделено од претходниот американски претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа