Сопругата на Шаулиќ отпатува во болница кај повредниот кум: „Плачеше на цел глас, докторите мораа да реагираат“
Откако поминаа повеќе од 40 дена од смртта на Шабан Шаулиќ, неговата сопруга Гоца го посетила нивниот кум во болница, пренесува „Ало“.
Утрото кога се случи сообраќајната несреќа, тој бил во авотмобилот во кој бил и пејачот.
Нивниот кум Слободан Боба Стојадиновиќ по сообраќајката остана во болница во Виена каде се уште се наоѓа.
Првата средба меѓу Слободан и Гоца била многу стресна. Вдовицата на Шабан не можела да се смири кога го видела кумот во болницата, Гоца плачела како повторно да поминува низ периодот кога се случила сообраќајката, објаснил Стојадиновиќ.

Како што вели, знаејќи дека Гоца тешко ја поднела смртта, бил свесен дека и средбата со него тешко ќе му падне.
„Не се слушнавме речиси два месеци, се јавив само на Санела. Таа машки ги поднесе разговорите со мене, иако знаев дека е скршена од болка. Затоа, не смеев да се слушнам со Гоца. Секако, таа ми се јавуваше секој ден, но се плашев да се јавам. Не и пишував. Размислував за нашата средба, се плашев каке ќе реагираме. Меѓтуоа, таа во сабота дојде во Виена“ вели кумот на Шаулиќ.
„Мајко моја, не можам да го опишам тој тажен момент кој траеше пет часа, а не пет минути“ вели кумот на Шабан.
Поради големиот стрес кој го доживеала кога го видела кумот, Гоца не можела да се воздржи, па морале да реагираат и лекарите.
„Докторите ја избркаа, Гоца беше надвор од себе. Таа замина, а на мене ми беше уште потешко. Ми кажа: „Толку ми е тешко, но ми е драго како да го видов мојот Шабан“ вели Стојадиновиќ.
За потсетување, Шабан Шаулиќ почина во сообраќајна несреќа во Германија кога се упатил на аеродром каде што имал лет за Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа