Со години се верува дека Меланија и Иванка имаат ужасен однос - првата сопруга на Трамп ја кажа вистината
Односот меѓу првата дама на Америка, Меланија Трамп и ќерката на нејзиниот сопруг Иванка Трамп, никогаш до крај не е разјаснет, па поради тоа постојано кружат шпекулации дека никогаш добро не се согласувале.
Неодамна за нивниот однос проговорила и мајката на Иванка, Ивана Трамп, првата сопруга на претседателот истакнувајќи дека сепак во јавноста е во заблуда и дека овие две дами сосема добро се сложуваат и фино функционираат.
-На Иванка ѝ се допаѓа Меланија затоа што таа не е причината затоа што е растурен мојот брак, за разлика од онаа другата...Не сакам ниту да го изговорам нејзиното име - рекла Ивана неодамна за „The Atlantic".
Не е тешко да се погоди дека таа другата е Марла Мејплс, втората сопруга на Трамп поради која ја остави Ивана и со која ја има ќерката Тифани, која неодамна беше во посета на Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа