Го јаде желудникот а може да доведе и до рак - Ова е најопасната бактерија

 

Една од најчестите инфекции во светот е инфекцијата на желудникот со бактеријата Хеликобактер пилори.

Најновите медицински испитувања покажуваат дека оваа бактерија има живеалиште кај 80-90% од луѓето во неразвиените земји. Локализирана е во слузта над епителот на желудникот, каде има совршени услови за живот и до неколку децении.

Инфекцијата со Хеликобактер може да се јави и кај децата од најрана возраст преку внесување на нечиста вода, овошје, зеленчук, односно преку фекално-орален пат. 

Оваа бактерија се открива преку испитување на крв, мокрача или измет, а понекогаш и со CLO тест кој значи земање на тенко парченце од желудникот со помош на камера преку уста.

Голем број лица со инфекцијата немаат стомачни тегоби. Кога се присутни, најчесто се јавуваат болки во горните делови на стомакот, мачнина, надуеност, отежнато варење, некогаш и повраќање. Кога ќе дојде до настанок на улкус, т.е. чир, болките или чувството на печење во горните делови на стомакот се зголемуваат, често се јавуваат еден час или повеќе после оброкот и многу често во текот на ноќта. Овие симптоми најчесто се намалуваат или времено се отстрануваат со лекови кои го намалуваат или спречуваат лачењето на желудочната киселина.

При евентуалното детектирање на постоење на бактеријата, лекувањето е со т.н. тројна терапија. Оваа терапија подразбира третман со два различни антибиотика и инхибитор на протонска пумпа (ИПП намалува лачење на желудечната киселина). 

Сепак, оваа бактерија опстојува во киселината на желудникот и е отпорна на лекови. Природно, помагаат брусницата и брокулата кои се борат со неа.

Брокулата е карактеристична со својот специфичен вкус, се јаде и плодот и листовите, а има бројни витамини како А, Б1, Б2, Е и Ц.

Има и доста влакна и бета-каротен, а помага за дијабетес, за срцето и холестеролот, за болестите на коските, болките, а се смета дека ги убива и станиците на ракот.

 

Со право е во групата на едни од најздравите намирници на светот со малку калории, па така помага освен за здравје и за слабеење.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега