Српската пејачка нападната со нож - веднаш реагирале полицијата и итната помош
Сања Малетиќ била нападната од таксист во Бијељини. Пеколот следел кога повикала такси и кога на таксистот му рекла една адреса, но соработниците ѝ се јавил да ѝ кажат дека треба да оди на друго место.
Кога Сања на возачот му рекла дека треба да одат на друга адреса, такститот почнал да ѝ се заканува. Како што пишуваат српските медиуми, после жестоките пцовки, извадил нож и продолжил да се заканува. Нагло закочил, Сања ја отворила вратата за да излезе од возилото, но човекот излегол по неа. Драмата продолжила на улица, а полиција повикале луѓе од продавница која била во близина на местото каде такси возилото запрело.
После неколклу минути, полицијата пристигнала и Сања и таксистот биле спроведени во полициска станица. Меѓутоа, на Сања во станицата ѝ се слошило и паднала во несвест, после што ѝ била ука=жана лекарска помош.
-Со оглед на околностите кои синоќа се случија, добро сум. Вистина е дека се случи инцидент во Бијељини. Нападната сум со ладно оружје од страна на таксист со кој се возев до одредена дестинација. Лицето е приведено како што и јас самата бев во полиција. Во полициската станица ми ги пружија сите можни услови за некој кој е во ситуација на која му треба помош. За жал, јас имам проблем со тироидната =жлезда и хашимото синдром . Јас сум хиперсинзибилна, доживеав голем шок, емотивен шок. Многу ми се слоши, паднав во несвест во станицата и повраќав, се изгубив...Секако, веднаш повикаа Брза помош и навистина сторија се што можеа. Организмот ми претрпел нонермален шок, од страв целосно се изгубив - раскажала Сања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа