Адам Лабунски исфрлен од „Ѕвездите на Гранд“: Марија соопшти јавно, а потоа се огласи и Адам

 

Македонскиот учесник во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, е дисквалификуван од натпреварот, а информацијата ја потврди неговата менторка Марија Шерифовиќ која на социјалната мрежа Инстаграм соопшти дека Адам повеќе нема да се натпреварува.

Како што пишуваа Шерифовиќ, причината за тоа е неговото непримерно однесување, а одлуката да биде отстранет била на продукцијата.

Таа вели дека неговото место ќе го надоплни некој друг кандидат кој е неправедно испаднат од конкуренција за следниот круг.

 

Неколку часа подоцна, исто така преку Инсатаграм се огласи и Адам кој со своите фанови сакаше да ја сподели својата страна на приказната, па ги објави приватните пораки од групниот разговор меѓу кандидатите на Марија. Според објавените преписки, Марија Шерифовиќ обезбедила 3 хотелски соби за 6 од своите кандидати со по два кревети, а во собата каде бил сместен Лабунски, неговиот хотелски цимер, кандидатот Данијел Васиќ го донел и својот татко со кого сакал да спие во ист кревет.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега