Полицијата апсеше во Скопје - Осум лица со лисици на рацете
СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Е.Х.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 27.05.2025 во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени три пиштоли, рамки за пиштол, дел од оружје и 643 куршуми.
Исто така, на 07/08.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(31) од с.Сингелиќ, скопско, Ј.А.(26), Б.К.(31), Ф.Ш.(22), Н.И.(35), М.Б.(23), сите од Скопје и З.Т.(25) од с.Таринци, штипско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа