ФОТО: Луксуз на секој чекор - на свадбата на принцот од Малезија дошле повеќе од 100 гости
Принцот од Малезија, 45-годишниот Тенгку Мухамед Фаиз Петра се оженил со шведската убавица, 32-годишната Луиз Јохансон на свечена церемонија во петокот.
Швеѓанката дипломирала англиски јазик и социологија, а принцот го запознала во Англија, откако таму се преселила поради работа.
Принцот тогаш студирал во Англија, но точната година кога парот се запознал не е објавена.
Парот се венчал во древната палата Истана Балаи Бесар, која е изградена во 1840 година.Венчавањето го направил главниот судија во шеријатскиот суд Датук Дауд Мохамед.
22.04.2019 - 19:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа