ФОТО: Манијакот од Кипар ја прогонува Цеца и во Белград - „Свадба, Светлана, љубов моја“
Светлана Цеца Ражнатовиќ последниве недела дена поминува низ вистинска агонија и тоа поради фан кој постојано ја прогонува.
Да потсетиме, кај најголемата балканска ѕвезда извесен О.Л. упаднал во домот на Кипар, поради што морала да интервенира тамошната полиција.
Додека униформирано лице го приведувало, тој викал на целиот глас:
„Зоште ме апсите, ова е куќата на мојата сопруга“.
Дека тој е опседнат со Цеца, најдобро покажува неговиот Инстаграм профил каде објавува дека подготвува и свадба со фолк-дивата. Тој неодамна објавил и фотографија на која напишал дека се наоѓа во Аја Нпи, со порака:
„Те посакувам Цеки, лудо те посакувам“, а потоа додал: „Свадба, Светлана, љубов моја“.
Цеца се огласила и ги потврдила овие сознанија на српските медиуми.
„Да, слушнав што се случило и тоа не е нималку пријатно. Таа вест ме потресе. Се чувствувам загрозено, но верувам дека ситуацијата ќе се смири и дека тој човек ќе сфати дека е непримерно тоа што го прави“, рекла фолк ѕвездата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа