ФОТО: Летување како од ноќен кошмар - сакал да ги сними децата со дрон додека пливаат, па забележал ајкула
Ден Вотсон бил со семејството на популарната плажа Њу Смирни во Флорида каде им се случила оваа филмска сцена.
Таткото од крајбрежјето ги набљудувал сопругата и трите деца додека се капеле, па помислил дека би било идеално да ги сними со дрон од воздух.
Меѓутоа, кога погледнал што има во кадар, се шокирал. На само десетина метри од неговите деца виде ајкула. Таткото почнал да вреска: „Излезете од двода“.
На Инстаграм објавил две фотографии кои ги направил таму, а на првата се гледа како ајкулата плива кон капачите, а на другата како тие бегаат од океанот, додека морското куче заминува во длабочините.
„Кога размислуваш на ајкули помислуваш на длабока вода, никогаш не ги замислуваш така блиску и не мислиш дека може да дојдат до плиткото. Застрашувачки беше да се гледа како им се приближува на моите деца“, рекла мајката Сали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа