Блага Петреска си ја отвори душата: „Решив да не ги повредам децата кои многу го сакаа својот татко“
Фолк-пејачката Блага Петреска проговори за тешките моменти кои ги доживеала во животот. Била многу млада кога починал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.
„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага и додава:
„Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“ раскажува Петреска за „Свет Австралија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа