Летна диета: Симнете го вишокот килограми за само 7 дена

 

Оваа седмодневна програма за слабеење содржи вкусни оброци кои ќе ви помогнат полесно да се ослободите со вишокот килограми кој ве мачи веќе некое време.

 Диетата се нарекува летна диета бидејќи главно се заснова на овошје и зеленчук кои ги има во изобилие во летните денови. Направете список на омилените видови на овошје и зеленчук и вклучете ги во секојдневната исхрана. Исто така, треба да пиете и многу вода, најмалку 8 чаши на ден, и тоа обична вода, вода со лимон, растителни чаеви или шејкови.

Понеделник

Првиот ден се јаде само зеленчук. Изберете еден вид на зеленчук, на пример краставици, и јадете го цел ден, колку сакате. Краставиците се одличен избор бидејќи содржат 90% вода и го чистат организмот од отровни материи.

Вторник

Вториот ден се јаде само овошје. Можете да направите комбинација – јаболка, праски, круши, портокали и сл. Можете да јадете цел ден, колку сакате, или можете да ги распоредите во неколку оброци. Ако се чувствувате гладни, можете да испиете и една чаша јогурт со ниска масленост.

Среда

Третиот ден се јадат бобинки, како јагоди, малини, капини, боровинки и сл. По ваш избор. Можете да јадете колку сакате во текот на денот, и не заборавете да испиете 2 литри вода.

Четврток

Четвртиот ден се јадат млечни производи како сирење, кашкавал, јогурт, кефир, се што ќе ви падне на памет од млечни производи. Доколку сакате, можете во некој млечен производ, на пример јогурт да додадете малку крушка, грозје или цреши.

Петок

Петтиот ден повторно се јаде само зеленчук. Изберете пет видови на зеленчук што го сакате и направете си комбинации за појадок, ручек и вечера.

Сабота

Се јаде овошје, како и на вториот ден од диетата. Цел ден јадете само овошје, разни видови, а навечер за вечера можете да испиете еден јогурт со ниска масленост.

Недела

Последниот ден од диетата е најтежок, но ќе го издржите затоа што е последен! Цел ден треба да пиете разни шејкови од овошје и зеленчук – јаболка, круши, целер, магданос, спанаќ, портокали и сл. во комбинации какви што сакате и колку сакате.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега