ФОТО: Оваа убавица мисли дека ќе биде жива над сто години - живее само на сок и воздух
Одра Бер се храни само со течности и воздух и мисли дека токму таквиот начин на живот е заслужен за нејзиното здравје и среќа. Им препорачува на сите што повеќе време да минуваат во природа за да го достигнат истото.
25-годишната Одра од Минеаполис тврди дека енергијата ја добива од дишење и вежбање.
Таа исто така избегнува да конзумира било каков вид на цврста храна и верува дека дишењето ѝ е доволно да ѝ го одржи нивото на енергија.
Вели дека нејзиниот најдолг „пост“ траел дури 97 дена. Таа секојдневно прави вежби за дишење од еден до три часа, повремено внестува и цврста храна со семејството и пријателите.
Нејзините оброци се состојат од чаеви, смутија со овошје и зеленчук и од воздух.
Одра Бер оваа диета ја започнала пред осум месеци и се колне во овој начин на живот, тврди дека ѝ носи здравје и среќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа