Работела како шанкерка во дискотека - Малкумина ги знаат овие факти за Меркел

 

Германската канцеларка Ангела Меркел со години привлекува големо медиумско внимание, а периодов е во центар на медиумите поради тоа што неколку пати и се слоши на прес-конференции.

Постојат интересни факти за животот на Меркел кои се познати за малкумина.

Нејзиното име пред да се омажи било Ангела Кеснер, а презимето Меркел го зела од првиот сопруг.

Додека студирала работела како шанкерка во дискотеки. Дипломирала Физика, а докторирала квантна хемија.

Кога се развела од првиот сопруг нејзиниот татко и рекол дека е разочаран и дека не стигнала далеку.

Таа е добар готвач и обожава да прави колачи со сливи. Често медиумите ја фотографираат како пазари во супермаркет.

Уште во младоста ја каснало куче и се плаши од овие животни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега