Денеска е Света Петка, заштитничка на жените, болните и сиромашните - обичаи кои треба да ги испочитуваат жените

 

Поради чудата кои ги направила, пред нејзините мошти и денес доаѓаат верници да молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Овој празник е последен од циклусот на летните „женски празници“.

За овој празник се вели дека е женски бидејќи првенствено го праазнуваат жени кои денес не треба да месат, готват или работат било каква домашна работа за да не го навлечат гневот на светицата. Според народните верувања, на овој празник не се работи за да не ви трнат рацете во текот на годината.

Младите девојки, се верува дека денес треба да наберат цвеќе и со него да ја накитат куќата за во домот да владее слога и мир. На девојчињата денес им се облекуваат нови фустанчиња за да ги прати среќа наредната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега