ВИДЕО: По 12 години Тоше Проески ќе добие достојно почивалиште

 

По 12 години,  мега ѕвездата Тоше Проески добива достојно почивалиште.

Општина Крушево го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески, a градоначалникот на Oпштина Крушево, Томе Христоски, изрази задоволство што после години на непреземање ништо, конечно ќе биде изградено гробното место.

„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште, со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Христоски.

Изградбата на споменикот на македонската музичка икона се проценува дека ќе изнесува околу 150 илјади евра, а средствата се обезбедени од државниот буџет. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега