Малезискиот крал ги протерал Руската убавица и нејзиниот син од земјата - позната причината за разводот
На почетокот на оваа година, 50-годишниот Мухамет Петти од Келантан и 23 години помладата Рихана Оксана Петра, некогашна ѕвезда на реално шоу, постојано имале кавги. На почетокот ги негирале, за подоцна да дојде до развод.
Оксана била уверена дека нивниот син Келантан ќе носи титула на принц, а подоцна и крал. Меѓутоа, Мухамед сега се сомнева дека детето воопшто е негово.
Оксана на социјалните мрежи му одговорила на адвокатот на нејзиниот поранешен сопруг султанот Мухамед Петти од Келантан, кој го довел во прашање татковството на детето. Наводно разводот се случил затоа што Мухамед наишол на снимка од Оксана на која таа има сексуални односи во базен со некој друг маж.
Поранешната Мис на Москва ја прашале на Инстаграм зошто постојано го крие лицето на 2-месечниот син на фотографиите, ако тој навистина е син на султанот.
Оксана решила да одговори:
-Да тој не е негов син никогаш не би му отворила профил на Инстаграм - напишала Руснката, додавајчи дека нејзиниот син е „Азијат со крупни очи и големи усни (кои ги наследил од неа)“.
Сепак, адвокатот на Мухамед рекол дека „се уште нема биолошки докази дека Мухамед е татко на детето“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа