Руски еднокринолог тврди: Немојте да се лажете себеси, ова овошје дебелее повеќе од месо

 

Повеќето луѓе јаболките, лубениците и другото овошје не ги доживуват како храна. За нив тоа е како вода со витамини. Во меѓувреме, таквата вода знае дополнително да ги здебели.

„Неодамна читав текст за зрнестото овошје и неговите бенефити за телото“, пишува руска докторка Зухра Павлова.

„Глобализацијата ни овозможи постојано на дофат да имаме разно овошје и зеленчук. Зрнестото овошје се увезува од разни страни на светот. Така јадеме што сакаме и кога сакаме. Но, природата не може да се измами. Зрнестото овошје ќе даде најголема корист за телото само тогаш кога ќе биде сезонски кај нас. Што значи, ако јадете капини во декември - ништо од здравјето. Овошјето и зеленчукот кои вештачки се одгледуваат, немаат ни половина корисни својства од оние кои растат сезонски. Другата замка со овошјето е што луѓето сметаат дека нема калории. Тие мислат дека лубеницата, јаболката и зрнестото овошје се само вода со витамини. А, од таквата вода само добиваат голем број калории. Имам пациенти кои килограми добивале само јадејќи лубеница. Морате да знаете едно нешто: овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, посебно на празен стомак, ќе доведе до масна дегенерација на црниот дроб. Исто така, фруктозата допринесува до развој на гојазност, предизвикува зголемување на хормонот на масното ткиво лептин и на хормонот инсулин во панкреасот. Тоа за возврат доведува до зголемување на апетитот. Тоа е магичен круг“.

Автор на овој текст е Зухра Павлова, ендокринолог во Универзитетската болница во Москва, а објавен е на сајтот Еконет.ру

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега