Минатата година направи луксузна забава - Боки13 денеска „слави роденден" во затвор
Минатата година приреди луксузна италијанска забава, а годинава токму поради снимките на италијански весник, Боки13 ќе славо роденден во затвор.
Бојан Јовановски, македонскиот шоумен кој е првоосомничен во случајот Рекет за изнуда на пари, денеска полни 33. години, а додека досега приредуваше луксузни забави и прослави, годинава се наоѓа зад решетки.
Роден е на 29. август 1986. година, а на почетокот на кариерата беше познат по екстравагантноста, беше имитатор и беше познат по тоа што облекуваше женска облека. Бојан Јовановски завршил Факултет за туризам, но својата кариера ја гради во естрадните води. Своите почетоци ги забележува со организирање на церемонијата за доделување 13 награди на популарноста, по што го добил и прекарот Боки13. Оваа манифестација Бојан ја прекинува со одржување и продолжува со водителските води каде досега имал неколку телевизиски емисии на неколку македонски телевизиски канали. Беше учесник и во Големиот брат.
Бојан Јовановски започнува и со пејачката кариера и има свои композиции на македонски и српски јазик. „Преко стола“ - на српски јазик, „Отвори се“ - на српски јазик и „Холивуд“ - на македонски јазик се трите негови песни. Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, концертот во Скопје, Штип, Битола и останати места во Македонија. Исто така конкурирал и на македонскиот избор за песна на Евровизија со пејачката Биг Мама.
Боки ја основаше и 1ТВ, а стана познат и по хуманитарната работа. Доста беше активен на Инстаграм каде постојано објавуваше фотографии со брендирана облека, обувки, чевли, накит и часовници, познат како голем љубител на модата.
Македонскиот шоумен е во притвор откако беше фатен во случајот Рекет, а деновиве се појавија и видеа од моментот кога со бизнисменот Зоки Кичеец зема пари од домот на Орце Камчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа