На 19. август беше роденден на Ненад Стојановски - Еден од најталентираните актери
Ненад Стојановски, еден од најталентираните македонски актери кој не напушти, беше роден на 19. август 1952. година, а почина на 14. јули 1998. година.
По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а како актер гостувал и на повеќе други сцени.
За одбележување се неговите учествувал како гостин и на Дубровничките и Сплитските летни игри, како и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.
Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во 1985 година е прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.
Ненад Стојановски се наметнал како највозбудлива актерска појава во Македонија во последните десеттина години од неговиот живот.
Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.
Беше женет со актерката Силвија со која ги има ќерките Ана и Јана кои се истакнаа во глумата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа