Славиме голем празник - пет верувања на кои треба да се придржуваме на Преображение
Во народните верувања празникот Преображение се слави како премин меѓу летениот и зимски период, кога воздухот и водата стануваат постудени, лисјата почнуваат да жолтеат и се во природата што дотогаш растеше, полека венее. На овој ден е строг пост, а во некои краишта луѓето се причествувале во црква.
На овој ден не се работи.Порано од Преображение луѓето повеќе не се капеле во езерата и реките.
Се вели дека Гората се преобразува, а добро е симболично да се скршат лешници, велат преданијата.
Жените воочи преображение врзувале црвен или бел конец околу рацете и помислувале желба. Ако конецот не се скине во текот на денот, желбата ќе се исполни.
Многу верници на овој ден, а прв пат во годината пробуваат грозје, бидејќи мислат дека тоа се преобразува во зрело дури по овој празник.
Се верува дека ако на овој ден е убаво времето, следната година нема да биде добра жетвата.
Едно од верувањата е и дека на овој ден не се спие преку ден, затоа што цела година ќе бидете поспани.
Исто така не се оди во кафеана затоа што ќе станете растурикуќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа