ФОТО: Сакала да се пофали со новиот дом, но еден детаљ ја оставил без зборови

 

Мишел Мидвинтер (30), мајка на две деца, пред месец дена се вселила во една куќа на село во Англија.

За да им покаже на пријателите како изгледа нејзиниот нов дом, таа излегла надвор и ја фотографирала куќата. Во тој момент на прозорецот се појавило лице.

Мишел влегла внатре да провери дали има некој, но собата во која видела лице, била празна, немало никој.

-Некои велат дека е сенка од цвеќето, но не одговараат аглите- рекла Мишел.

Таа својата фотографија ја објавила на интернет, но сите кои ја погледнаа не можеа да најдат логично објаснување.

Локален историчар Андреј Џонс, тврди дека лицето на прозорецот би можело да биде Семуел Кент, кој починал во истата киќа во 1872 година, но секако ниту за тоа тврдење нема докази.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега