Пендаровски за своето детство: „Мајка ми беше наставничка, на лето морав да читам лектири“

 

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на снимањето на детската серија „Зоки Поки“, која се снима по  истоимената книга на Оливера Николова.

На прашњето дали ја читал Зоки Поки во основно школо, колку читал лектири, претседателот Пендаровски за „Репортер“ ја раскажа својата приказна.

„Како дете на одделенска наставничка задолжителна активност на секој мој летен распуст беше да се читаат лектири, па и ‘Зоки Поки’ беше меѓу нив. Иако поминало долго време откако сум ја читал книгата, кога неодамна ја посетив екипата што ја снима телевизиската серија, децата што ги играат ликовите на Зоки Поки и Лидија веднаш ме вратија во детството затоа што се многу слични како ликовите што јас си ги замислував како дете, не само по изгледот, туку и по однесувањето“, изјави за „Репортер“, претседателот Стево Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега