Американски туристи не ја препознале кралицата и ја прашале дали некогаш ја сретнала Елизабета Втора (ВИДЕО)
Кралицата Елизабета II направила урнебесна шега кога американските туристи не ја препознале откако ја сретнале додека шетала околу нејзиниот имот.
Групата туристи го започнала разговорот со 93-годишната кралица кога ја виделе како шета со својот телохранител Ричард Грифин кај нејзината куќа за одмор во Шкотска
Туристите не сфатиле со кого разговараат затоа што прашале дали жената живее некаде во близина. Кога кралицата одговорила позитивно тогаш ја прашале дали некогаш ја сретнала кралицата?
Не сакајќи да го отвкрие својот идентитет, кралицата покажала кон Грифин и рекла: „Не, но овој полицаец ја сретнал“.
Групата туристи потоа го напуштила имотот без да знаат со кој разговарале.
Кралицата иначе била облечена во неформална облека со марама на главата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа