ФОТО: Најавуваа свадба но пукна тиквата - Српската пејачка раскина со момчето

 

Некогашната победничката на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Милица Тодоровиќ беше во петгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ и често се пишуваше дека се пред свадба, но тиквата пукна.

Парот веќе два месеци не е во врска, а пејачката го замолила Милош да се исели од станот додека таа е на турнеја.

ПР службата на Милица потврдила дека раскинале, а како причина се наведува различните мислења за иднината.

Пред романсата со Милица, Милош беше во брак со црногорската пејачка Андреа Демировиќ со која има син, а нивниот развод траеше неколку месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.09.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега