Џогани ја исфрлил поранешната сопруга од дома: „Си заминав и јас имам гордост“
Како што дознаваат српските медиуми од соседите на Ѓоле Џогани, денсерот постојано бил во конфликт со својата поранешна сопруга, па таа морала да ја напушти куќата во која живеела со ќерката Силвија и внуката Тија. Ѓоле Џогани ја исфрлил поранешната сопруга Слаѓа Делибашиќ во која таа живеела речиси цела година.
По 19 години, откако се разведоа, поранешните сопружници повторно ги затегнаа односите. Тиквата пукнала пред неколку месеци. Наводно, Ѓоле предизвикал расправија, која се повеќе се продлабочувала, за на крајот да резултира со иселување на Слаѓа од куќата.
– Нема некој овде кој не се закачи со него, секогаш наоѓа причина, постојано приговара и ги напаѓа луѓето. Слаѓа ми раскажуваше дека тешко излегува на крај со него. Пред неколку месеци ми рече: “Комшија, јас овде веќе нема да живеам. Ако нешто ви треба, се преселив во подолната улица, имам и јас гордост, па побарајте ме, еве ви го мојот број.“ Јас ја прашав што се случува, а таа ми одговори дека се скарале со Ѓоле и дека повеќе не може да го трпи тоа - раскажал соседот додавајќи дека никој од соседите нема добро мислење за Ѓоле, додека за Слаѓа имале само пофални зборови. Тој уште кажал дека Џогани барал Слаѓа да ја напушти куќата, која е на негово име и која пред година и половина комплетно ја реновирал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа